И вакво чудо видовме: Фудбалери во Србија се истепаа средe пенали (ВИДЕО)

Војводина во драматично финале стигна до трофејот во Купот на Србија. Тимот од Нови Сад имаше предност од 2-0, но Партизан во самиот финиш успеа да стигне до израмнување за продолженија па пенали.

Пенал-серијата беше одбележана од две големи промашувања на фудбалерите на Партизан, но и инцидент меѓу играчите на двата тима за кој се погрижи фудбалерот на Војводина, Деветак. Откако реализира удар од белата точка почна да ги провоцира навивачите на Партизан на што реагираа играчите на црно-белиот тим. Веднаш потоа следеше судир и на поголемиот број фудбалери од двата тима… Откако се смири ситуацијата, Стевановиќ доби црвен картон за гаѓање на противникот, а Деветак доби жолт картон за невкусната прослава.

Се вчитува...