И ВАР греши… Имаше рака од Љоренте, но „чудото од технологија“ тоа не го виде!? (ВИДЕО)

Во лудиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите, Манчестер сити славеше против Тотенхем со 4-3 но за „граѓаните“ тоа не беше доволно за пласман во полуфиналето.

Реваншот на Етихад понуди вистински спектакл, дури седум гола и поништен на Стерлинг во 93. минута кој Сити ќе го однесеше во полуфиналето.

ВАР ги растажи фудбалерите на Манчестер сити, но не само во 93. минута. Во 73. минута Љоренте го постигна голот за 4-3, кој за Тотенхем значеше пласман во полуфинале. Долго се прегледуваше снимката затоа што се чинеше дека напаѓачот на Тотенхем играше со рака, но судијата Чакир на крај покажа кон центарот.

Сепак, по мечот се појави видео снимка од агол од кој јасно се гледа дека Љоренте играл со рака. Но, тоа сега нема да му помогне на Манчестер сити…

 

Се вчитува...