И во Премиер лигата: Навивач втрча на терен и нападна фудбалер на својот тим… (видео)

Долго време атмосферата на „Селхурст парк“ не била полоша, отколку вчера на дуелот против Сандерленд.

Кристал Палас на полувремето губеше со 0-4, а притисокот беше дополнително засилен по постојаното скандирање од трибините дека играчите не го заслужуваат дресот на клубот. Во соблекувална беа испратени со свирежи, а чекор понатаму се отиде и кога еден навивач втрча на теренот и го нападна дефанзивецот Демијан Дилејни.

Во намерата за посериозна физичка пресметка го спречија редарите. Иако не доби директен удар, Дилејни не се врати во игра по полувремето…

Се вчитува...