И втор пораз на селекцијата до 17 години од Русија, репрезентацијата до 16 години со победа против БиХ

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години загуби и на вториот пријателски натпревар од соодветната селекција на Русија за време на подготовките во Анталија.

По првиот пораз од 1-2, овој пат македонските кадети загубија со 1-4, повторно во самиот финиш од средбата кога Русите постигнаа три гола. Русија поведе во првото полувреме, но Македонија израмни на 1-1 во 59. минута.

Селекцијата до 16 години, пак, со пресврт славеше со 2-1 против БиХ. Босанците поведоа со голот на Бркиќ во 16. минута. Во 54. минута Македонија израмни преку Назифи, а победата ја донесе Јовановски со голот во 89. минута.

Се вчитува...