И вториот Диoманде направи трансфер – потпиша со тим од Премиерлигата

Нотингем Форест официјално го потврди трансферот на Усман Диоманде од Спортинг Лисабон.

Младиот дефанзивец потпиша договор со англискиот клуб до јуни 2030 година, со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона, до јуни 2031 година.

За неговиот трансфер, Нотингем Форест ќе му плати на Спортинг 40 милиони евра.

Диоманде важеше за еден од најбараните млади дефанзивци на европскиот пазар, а со преселбата во Премиер лигата ќе добие можност да продолжи да се развива во едно од најсилните фудбалски натпреварувања во светот.

Неговиот колега од репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде, пак, направи трансфер во Реал Мадрид за 140 милиони евра.

Се вчитува...