ИААФ не го признава рекордот на Кипчоге

Олимпискиот првак Елиуд Кипчоге испиша историја откако успеа да мине маратонска делница за време пократко од два часа, но трката во Виена нема да биде признаена како нов светски рекорд. Имено, ИААФ веднаш стави до знаење дека без оглед на историското достигнување на Кениецот, тоа не може да биде сметано за официјално време бидејќи воопшто не станувало збор за отворена трка.

Кипчоге при натпреварувањето имаше поддршка од 36 „пејсмејкери“, кои му помагаа да го одржи темпото. Исто така, тој трчаеше зад автомобил, што не е дозволено според правилата на Светската Атлетска Федерација. Тој трчаше под 2:50 минути по километар, кенискиот ас уште на половина трка беше 11 секунди пред планираното време. Откако стана јасно дека историјата ќе биде испишана, „пејсмејкерите“ се повлекоа на 500 метри до крајот, овозможувајќи му на Кипчоге сам ја мине низ целта.

„Ова покажува дека човечкото тело не познава граници. Денеска успеав јас, но очекувам во иднина многу луѓе да ја минат оваа бариера од два часа“ – изјави Кипчоге.

Актуелниот светски рекорд во маратон признат од ИААФ, што овој атлетичар го постави во Берлин во 2018 година, изнесува 2:01,39 часа.

Се вчитува...