Ибра: Морав да ги разбијам тие мали еб*ни кланови, ги мразев од првиот ден!

На 39-годишна возраст, Златан Ибрахимовиќ помина практично низ сè во својата кариера. Од омилен до омразен лик на публиката, од херој до трагичар. Ибра е еден од ретките кој играше за Јувентус, Интер и Милан. Во моментов е член на „росонерите“, а во минатото забележа врвни резултати со „нероазурите“ и „бјанконерите“.

Тој стана играч на Интер во 2006 година кога пристигна за 25 милиони евра. Неговото доаѓање во Милано во тоа време беше најголемиот предизвик во неговата кариера поради големиот број „кланови“ во соблекувалната на Интер. Пристигна на „Меаца“ како 25-годишник и мораше на некој начин да покаже дека е подготвен да биде лидер. На крајот и успеа во тоа…

„Кога дојдов во Интер, сфатив дека вистинскиот предизвик е да ги растуриме овие мали групи. Ги мразев од првиот ден. Сите екипи даваат повеќе кога има кохезија. Во Интер беше спротивно. Му реков на претседателот Морати дека треба да ги растуриме тие штетни кланови. Не можеме да победиме ако соблекувалната не е обединета. Во еден еден агол седеа Бразилците, во друг Аргентинците…, секој на своја страна. Овие препреки ги разбрав како прв тест за тоа дали ќе бидам лидер. Им реков: Која е твојата приказна и цел за да бидеш во овој тим? Зошто се однесувате како да сте деца?”, напиша Ибра во својата биографија.

Ибрахимовиќ тогаш го препороди Интер, па со тимот од Милано освои три Скудета во Италија. Тоа е преиод кога големата генерација на Милан беше во опаѓање, а Јувентус само што се врати од Серија Б.

Се вчитува...