Ибра може да помине лесно, му се заканува суспензија од само еден натпревар?

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ би можел да добие забрана од еден натпревар откако доби црвен картон во саботата при победата над Парма од 3-1.

Според „Тутоспорт“, напаѓачот му рече нешто на судијата Фабио Марески, кој потоа му даде црвен картон. Се очекува шведскиот репрезентативец да се пожали на црвениот картон затоа што смета дека судијата погрешно го разбрал тоа што тој го кажал.

Тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли изјави дека Ибрахимовиќ не му кажал ништо непристојно на судијата и дека е нејасно зошто бил избркан.

„Златан ми рече дека разговарал со судијата некое време, но тој не го навредил, ниту покажал непочитување“, изјави Пиоли.

И покрај исклучувањето на Златан Ибрахимовиќ, Милан успеа да дојде до триумф и сега е на второто место, со бод повеќе од третопласираниот Јувентус. Лидер на табелата е Интер, кој има 11 бода повеќе од Милан, вкупно 63.

 

 

 

Се вчитува...