Ибра во свој стил: Ако му требам на Јунајтед, го имаат мојот број

Златан Ибрахимовиќ верува дека се уште е доволно добар да игра во Премиер-лигата. Швеѓанецот испратил порака до Манчестер Јунајтед, ако имаат потреба од неговите услуги знаат каде да го пронајдат.

„Секако дека можам да играм во Премиер-лигата. Ако му требам на Јунајтед тука сум, го имаат мојот број. Сепак, моментално сум член на ЛА Галакси, така што жал ми е за навивачите на Јунајтед“, изјави Ибрахимовиќ. 

Сезонава во МЛС лигата 37-годишникот постигна 22 гола на исто толку натпревари, а во последните три натпревари шестпати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...