Ибрахимовиќ до Бекам: Ако ве победиме, да ми купиш што ќе посакам од ИКЕА

Златан Ибрахимовиќ ќе го однесе Дејвид Бекам на вечера во ресторан кој Англиченецот ќе го избере и тоа во било кој дел од светот или пак Бекам ќе мора да му купи на Ибра било што ќе посака од ИКЕА.

Ова е облогот кој му го понуди најдобриот стрелец на шведската фудбалска репрезентација на поранешниот капитен на Гордиот Албион во пресет на четвртфиналната пресметка на Англија и на Шведска на Светсктоо фудбалско првенство во Русија.

Ибрахимовиќ инаку беше прогласен за најпознат шведски бренд, но, се разбира, по ИКЕА.

Се вчитува...