Ибрахимовиќ го мрази Кавани од дното на душата

Откако Емилијано Инсуа неодамна откри дека Златан Ибрахимовиќ бил омразена личност во соблекувалната на ЛА Галакси, поради неговата ароганција и злоба, сега се огласи и Микаел Сијани кој информираше дека Златан, пак, во својот живот досега мразел само четири играчи.

„Во една прилика го прашав Златан за неговиот однос со поранешни соиграчи и тренер. Ми кажа дека во ПСЖ единствено не го поднесувал Кавани. Рече дека мрази вкупно четворица фудбалери на денешницава, а Кавани е еден од нив. Но, ми откри и дека го мразел и секој кој бил близок со Кавани“ – вели Сијани.
Ибрахимовиќ и Кавани четири години ја делеа соблекувалната во ПСЖ, а потоа Швеѓанецот се реши за преселба на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...