Ибрахимовиќ: Мбапе ме прашуваше за Реал, му реков веднаш да оди

Еден од најдобрите светски фудбалери Килијан Мбапе влегува во последните шест месеци од договорот со ПСЖ, и сега може да преговара со други клубови.

Има 23 години, а се претпоставува дека ќе заврши во Реал Мадрид. „Кралевите“ ќе се обидат да го ангажираат како слободен агент летово.

За иднината на Мбапе зборуваше Златан Ибрахимовиќ кој изјави дека му дал совет да оди во Реал Мадрид.

„Мбапе во Реал? Само тој може да одговори на тоа прашање. Зависи што сака. Јас би заминал, но да сум на местото на ПСЖ, би го задржал. ПСЖ сака да го задржи, но тој не сака да остане. Мислам дека има многу клубови кои го сакаат. Ме праша што мислам, му реков: „Да сум на твое место, би отишол во Реал“ – изјави Ибрахимовиќ.

Се вчитува...