Ибрахимовиќ: Затоа дојдов во Англија, за да освојам трофеи

Манчестер јунајтед го освои ЕФЛ Купот на Англија, победувајќи го Саутемптон со 3-2 во финалниот натпревар што се одигра на „Вембли“. Двоен стрелец за „црвените ѓаволи“ беше Златан Ибрахимовиќ, кој го постигна и победничкиот погодок во финишот на средбата. Тоа е прв трофеј за Ибракадабра во Англија.

„Затоа и дојдов во Англија, за да освојам трофеи. Среќен сум што победивме. Колку повеќе трофеи, толку повеќе причини за радост за мене и за моите соиграчи. Знаев дека ова ќе биде една прекрасна авантура, и нема да застанеме тука. Не е важно кој е стрелец. Да, јас постигнав два гола и мојата работа е да постигнувам голови“, изјави Златан Ибрахимовиќ по првиот освоен трофеј на Островот.

Се вчитува...