Ибраими и Јуфо се приклучија на подготовките на Шкендија во Словенија (ФОТО)

Бесарт Ибраими и Виктор Јуфо се приклучија на подготовките на тетовска Шкендија во Моравске Топлице во Словенија.

Шефот на стручниот штаб, Ќатип Османи полека го комплетира тимот низ подготвителниот циклус за квалификациите во Лигата на Европа.

ibraimi

Тетовци го одиграа претходно и првиот контролен натпревар за време на подготовките во Словенија, ремизирајќи (1-1) со Бад Радкерсбург, а остануваат уште тестовите на 17. јуни со Интер Запрешиќ и на 20. јуни со словенечки Марибор.

skendija trening

Се вчитува...