Ибракадабра се премисли, се враќа на „Сан Сиро“ в понеделник

Шведскиот ветеран Златан Ибрахимовиќ сепак ќе се врати во Милано. Тој букирал чартер – лет од Стокхолм за Милано во понеделник и одлучил сепак да се врати во Италија, иако првично размислуваше да остане во Шведска се додека не биде дозволен престој без задолжителен карантин.

„Ибрахимовиќ сака да се врати и да игра за Милан. Тоа е веќе договорена работа и тука нема случај. Има закажан лет за во понеделник и го очекуваме. Да, ќе мора да ги почитува пропишаните мерки за задолжителен карантин од 14 дена. Останатите фудбалери веќе се дел од тимот и тренинзите се почнати во Миланело. Гледаме напред и се надеваме дека Серија А брзо ќе продолжи“, изјави Паоло Скарони, претседателот на Милан.

 

Се вчитува...