Ибракадабра со нов рекорд во Премиер – лигата: Највозрасен стрелец кој постигнал 15 гола

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ игра во голем стил во дресот на Манчестер јунајтед оваа сезона. Иако имаше сомнежи како тој ќе се снајде во Премиер – лигата, а со оглед и на неговите зрели фудбалски години, сепак, Ибракадабра е неверојатен и поставува нови рекорди.

Златан со голот што го постигна на денешното гостување против Лестер, стигна до бројката од 15 погодоци во Премиер – лигата оваа сезона. Постави нов рекорд, како највозрасен стрелец кој постигнал 15 гола, со 35 години и 125 дена.

ibra man u

Исто така, Ибрахимовиќ е првиот фудбалер на Манчестер јунајтед по Робин ван Перси со сезоната 2012/13, кој постигнал повеќе од 20 гола во една сезона, во сите натпреварувања. А до крајот на оваа сезона, има уште многу натпревари…

Се вчитува...