Игор Кокошков прв кандидат за тренер на „сонцињата“

Српскиот кошаркарски стратег кој ја одведе Словенија до европското злато, Игор Кокошков, е прв кандидат за преземање на клупата на Феникс санс. Кокошков по Европското првенство ја напушти словенечката репрезентација и се врати во Јута џез, каде работи како прв асистент на Квин Снајдер, но сега добива шанса да се докаже и како главен предводник.

Кокошков во тренерската кариера работеше во просториите на „сонцињата“ од 2008 до 2013 година, исто како асистент на Тери Портер, Алвин Џентри и Линдзи Хантер. Според американските медиуми, „санси“ не се единствената опција на Кокошков, 46-годишниот стратег се најде на листата желби на неколку тимови од најсиланта кошаркарска лига во светот.

Кокошков има освоено и шампионска титула во својата кариера како асистент на Лери Браун во Детроит пистонс, кога во 2004 година ја прекинаа доминацијата на ЛА лејкерс предводени од легендарниот Фил Џексон.

Се вчитува...