Младиот фудбалер на Реал Сосиедад, Андер Баренечеа, по натпреварот против Хетафе кој неговиот тим го доби со 2-1, дома си замина со велосипед. Иако веќе се стекна фудбалска слава и е стандарден првотимец во клубот, се уште не дозволил таа да му удри во глава. 17-годишниот Баренечеа, стадионот го напушти со изнајмен велосипед, кој уредно го врати на своето место.
За тимот од „Сан Себестијан“ тој дебитираше минатиот декември со само 16 години и стана првиот фудбалер роден во 21. век кој заиграл во најсилниот ранг на шпанскиот фудбал.
Ahí le tenéis, es Ander Barrenetxea. Acaba de llegar al centro de Donostia en bici pública después de dejar a su Real Sociedad en Primera. pic.twitter.com/KtXnMCPdO0
— Marco Antonio Sande (@MarcoASande) April 28, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА