Нусер Мазрауи има успешна фудбалска кариера, преку Ајакс и Баерн Минхен стигна до трансфер во Манчестер јунајтед, а паралелно со тоа бележи и одлични игри за мароканската репрезентација.
Токму затоа, 28-годишниот Мазрауи изненади со последната изјава, најавувајќи дека лесно може да се случи по завршувањето на овој мундијал да се збогува од фудбалот, за да се посвети на религијата.
„Искрено, можеби ќе ја завршам кариерата по ова СП. Животот е краток, а јас сакам да го научам Куранот на памет и еден ден да станам имам. Тоа е мојот сон“, истакна мароканскиот дефанзивец.
Тој се уште е под договор со англискиот гигант, но доколку се реши за ваков чекор се очекува „црвените ѓаволи“ да му излезат во пресрет и да го раскинат договорот, овозможувајќи му на Мазрауи да тргне по друг животен пат, далеку од оној фудбалскиот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
