ИГРАЧ НА МЕЧОТ – Борко Ристовски: Единствена светла точка!

Без сомнение, како играч на натпреварот од македонската репрезентација во поразот од Исланд од 22-24 дефинитивно се издвојува голманот Борко Ристовски.

Имаше уште еден одличен натпревар на Мундијалот 2019 но очигледно недоволно за да ја извлече македонската репрезентација кон најдобрите на светскиот собир.

Ристовски натпреварот против Исланѓаните го заврши со 13 одбрани, од кои и три седмерци. Сето тоа дополнето со одбранети неколку зицери и отворени шутеви на бековите на Исланд од девет метри. На крај и за 38% успешност на одбранети шутеви кон својот гол.

Се вчитува...