ИГРАЧ НА МЕЧОТ – Никола Митревски: „Одигравме одлично прво и очајно второ полувреме!“

Без размислување играч на натпреварот во македонската репрезентација на пресметката против Шпанија од 4. коло на СП 2019 – голманот Никола Митревски.

Извонредниот Митревски, и наспроти убедливиот пораз, може да се издвои како позитивна фигура од дуелот со европскиот шампион и покрај немоќта во второто полувреме кога се падна во вода. Натпреварот го заврши со 33,3% одбрани или вкупно 15 одбрани, од кои дури 11 во првото полувреме кога чуваше за нас „егал“ со Шпанците.

„Го почнавме мечот одлично. Одигравме навистина феноменално полувреме кое за жал не искористивме да го завршиме со позитива за нас. Второто полувреме го почнавме катастрофално, и така и го завршивме. Имаше промени во составот но мора да се каже дека и помладите влегоа потоа како незаинтересирани во натпреварот иако имаше уште доста време за игра. Тоа е недозволиво, па на крај ете се заврши како што се заврши. Кога се ќе се сумира одлично прво и очајно второ полувреме“ – вели Митревски, притоа дополнувајќи околу она што не очекува на утрешниот последен дуел против Исланд.

„Знаевме од претходно дека Исланд е нашиот клучен натпревар. Мислам дека знаеме како да одиграме против нив, мора да бидеме паметни и храбри и да дадеме се од себе за победа и место меѓу најдобрите 12 селекции на Мундијалот“.

Се вчитува...