Играч на натпреварот: Јакимовски повторно го предводеше Вашингтон до победа (ВИДЕО)

Андреј Јакимовски одново го доби признанието за играч на натпреварот откако го преводеше Вашингтон до победа од 71-54 над Јута. Македонскиот интернационалец мечот го заврши со 15 поени на кои додаде и 8 скока од кои два во нападот, две украдени топки и една блокада за 30 минути поминати на паркетот.

Како потсетување Јакимовски одигра одличен натпревари и во последната средба на Вашингтон која ја заврши со 16 поени и 7 скока со што прераснува во еден од најдобрите играчи на „црвено-белите“.

Се вчитува...