Игуаин им покажа среден прст на фановите на Барса, УЕФА покренува истрага

Италијанскиот првак Јувентус не си помина добро на гостувањето на „Камп Ноу“, загуби со убедливи 3-0, а фрустрацијата јасно ја покажаа и фудбалерите во текот на мечот. Посебен прием имаше Гонзало Игуаин како поранешен играч на Реал Мадрид, при замената беше „почестен“ со свирежи од фановите на Барселона, но и тој не им остана должен.

Аргентинецот скандалозно им го покажа средниот прст на навивачите на домашниот тим, а сигурно за тоа ќе добие и дополнителна казна од УЕФА. Европската куќа на фудбалот отвори истрага откако го забележа испадот на дел од камерите, и Игуаин би можел да пропушти поголем дел од натпреварите во групната фаза од ЛШ.

Се вчитува...