Игуаин: Јувентус е како Реал, само што навивачите не ти свират…

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, минатото лето се пресели од Наполи во дресот на „бјанконерите“, што го навлече гневот на навивачите на тимот од Неапол.

Аргентинецот е воодушевен од атмосферата во тимот од Торино, споредувајќи го неговиот моментален тим со поранешниот клуб Реал Мадрид, додавајќи дека тие два клуба да учат како да победуваш…

„Јувентус е како Реал Мадрид, те учи како да победуваш. Разликата е во фановите на двата клуба, кои се различни, во Јувентус не се исвиркуваат играчите. Во Реал Мадрид поминав убави години и ако имам шанса да шутирам пенал против Касилјас, јас би погодил, затоа што секогаш е убаво да се победува најдобриот“ – истакна Игуаин.

„Ел Пипита“ го носеше дресот на тимот од Мадрид од 2007 до 2013 година и за тој период настапи на вкупно 264 натпреврари и постигна 121 погодок. За националниот тим на Аргентина, тој досега запиша 67 настапи.

Се вчитува...