Игуаин не сака да се врати во Јувентус!

Гонзало Игуаин им создава главоболка на челниците на Јувентус откако искусниот голгетер јасно ставил до знаење дека не сака да се врати назад во Италија додека не стивне големата криза со коронавирусот што владее на Апенинскиот полуостров. Раководството на Јувентус се уште не одредило датум до кој сите интернационалци ќе треба да се вратат назад во Италија, но се очекува тоа да се случи во следните неколку дена, ако се знае дека по враќањето во Торино ќе следи самоизолација од 14 дена, по што би почнале со тренинзи  пред продолжението на сезоната.

Останатите фудбалери се подготвени за камбек, но Игуаин им порачал на клупските директори дека нема намера во блиска иднина да се врати во Италија. Тој поради болест во најблиското семејство меѓу првите си замина од Апенинскиот полуостров, а сега не ни помислува на враќање додека состојбаста со коронавирусот не се стабилизира.

Ова воедно ќе претставува и најава за негов трансфер во текот на летниот преоден рок. Голгетерот минатото лето беше поврзуван со трансфер, на крајот остана во Јувентус, но летово сигурно ќе ги напушти „црно-белите“ од Торино. За очекување е тој да си замине и од Европа, а во главна улога во трката за потпис со Игуаин се наоѓаат Ривер плејт и ЛА галакси.

 

Се вчитува...