Игуаин распука по Калјари

Италијанскиот првак Јувентус го совлада Калјари на гости со 0-2 и повторно се одлепи на седум бода предност во однос на Рома на врвот на табелата во Серија А. Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин беше творец на триумфот, постигнувајќи ги двата гола за „старата дама“.

Игуаин го отвори резултатот во 37.минута, а зголеми на 0-2 на самиот старт од вториот дел. Калјари во продолжението од мечот остана и со играч помалку поради исклучувањето на Барелја, па шампионот имаше лесна задача да го приведе мечот до крај за нови три бода.

Се вчитува...