Игуаин: Во 2014 година сакав да се откажам од фудбалот за да можам секој ден да бидам со мајка ми

Аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин призна дека пред шест години сакал да се откаже од фудбалот затоа што му недостигало време кое би го поминал со мајка си. По поразот на Аргентинците во финалето на мундијалот од Германија, одличниот напаѓач бил на чекор до прекин на кариерата.

„Бев во многу лош период, ми беше смачено од фудбалот и само сакам да поминувам повеќе време со мојата мајка. Луѓето многу често велат дека на фудбалерите им е лесно затоа што заработуваат многу пари, но и не знаат дека јас цели 14 години не бев вратен дома за Божиќ. Секако дека можам да и платам авионски билет на мајка ми да дојде кај мене, но таа секако не е на десетина минути од мене, туку на 15 часа летање со авион“, раскажува Гонзало Игуаин.

Но, токму неговата мајка го убедила да ја продолжи кариерата. Игуаин до 2016 година остана во Наполи, а потоа се пресели во Јувентус.

„Бев решен да престанам со фудбалот, но мајка ми ме разубеди. И можеби некој ќе помисли дека сум „мамино синче“, но јас навистина сум подготвен да не играм фудал за да можам секој ден да бидам со мајка ми“, вели напаѓачот на Јувентус.

Се вчитува...