Ихеначо успеа да се запише во историјата на Премиер-лигата (ФОТО)

Фудбалерот на Лестер, Келеши Ихеначо беше стрелец на голот за својот тим во поразот од Челси од 2-1. Со овој гол нигерискиот интернационалец испиша историја бидејќи стана единствниот фудбалер во историјата на Премиер-лигата кој во една сезона успеал да се запише во листата на стрелците во секој ден од неделата.

На Ихеначо сезонава му недостигаше гол во Премиер-лигата само во вторник, а тоа успеа да го направи на последниот натпревар кој го играше на овој ден сезонава.

 

Се вчитува...