ИХФ донесе нови судии во Минхен за Македонија – Исланд

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Шведските арбитри Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик ќе бидат задолжени за делење на правдата на денешниот клучен натпревар меѓу Македонија и Исланд, за патникот во втората рунда од СП 2019.

За натпреварите во Минхен во претходните четири кола се ротираа четири судиски двојки, од Чешка, Швајцарија, Тунис и Аргентина, но ИХФ донесе одлука во пресрет на последнат рунда да ги изротира арбитрите, во Минхен носејќи судии што досега ја делеа правдата во групата А во Берлин.

Куртагиќ и Ветервик досега ги судеа натпреварите Србија – Кореја (31-29), Франција – Бразил (24-22) и Русија – Германија (22-22).

Се вчитува...