Икарди го освои Рим: Интер подобар од „волчицата“!

Во дербито на 2. коло од Серија А, Интер извојува голема победа од 1-3 на гостувањето во Рим против Рома.

Триумфот на „нераѕурите“ е благодарение на Икарди кој со два гола во 67. и во 77. минута донесе пресврт за тимот од Милано, откако Рома поведе уште од 15. минута со погодокот на Џеко.

Mauro Icardi Goal HD – AS Roma 1-2… by livefootball10

Конечните 1-3 на дуелот ги постави Вецино со голот во 87. минута.

Matias Vecino Goal HD – AS Roma 1-3… by fififilive

По оваа победа, Интер се издвои на врвот со 6 бода, додека Рома остана на оние три бода од првото коло добиени со победата на гостувањето против Аталанта.

Се вчитува...