Икарди се враќа во Серија А?

 Мауро Икарди ја заврши одисејата во Галатасарај, веќе размислува за следниот чекор во кариерата и би можел да заврши во за него добро позната лига.

33-годишниот Аргентинец веќе води интензивни преговори со Лацио за негов кам-бек во Серија А.

Икарди и Лотито веќе имале разговори, а се очекува неделава да се вклучи и тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо, ќе се обиде да го убеди Аргентинецот да се врати во Серија А.

Лацио одлично ја започна сезоната, по четири кола има десет освоени бодови и моментно се наоѓа на лидерската позиција на табелата и со евентуалниот ангажман на Икарди, дополнително ќе се засили конкуренцијата во нападот.

Покрај Лацио, сериозен интерес за услугите на Икарди пројавува и бундеслигашот Лајпциг, но италијанските медиуми пишуваат дека Лацио има предност.

Икарди во Серија А пристигна во 2011 година, две сезони играше за Сампдорија, а дури седум го носеше дресот на Интер. На 219 натпревари во Серија А постигна 121 гол. Икарди дресот на Интер го замени со тој на ПСЖ, а последните четири години настапуваше за Галарасарај, до истекот на договорот.

Се вчитува...