Икарди во Арсенал, Обамејанг во Интер… сите би биле задоволни

Мауро Икарди треба да  се врати во Интер по позјмицата во Пари Сен Жермен, но раководството на италијанскиот калчолигаш сака да го употреби за да го привлече Пјер – Емерик Обамејанг од Арсенал. Тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте посакува нов квалитетен напаѓач за следната сезона, посебно и затоа што најверојатно Лаутаро Мартинез ќе се пресели во Барселона. Тој смета дека Обамејанг би бил одличен партнер на Ромелу Лукаку во нападот.

Интернационалецот од Габон исто така најави дека сака да замине од Арсенал. За него беше заинтересирана Барселона, но се чини дека изборот ќе падне на Лаутаро Мартинез, а тој би можел на неговото место во Интер.

И двајцата имаат договор до 2021 година, следното лето ќе бидат слободни агенти, па и Интер и Арсенал секако мораат да направат потег со кој навреме ќе се ослободат од нив. Размената делува како идеална комбинација со која сите би биле задоволни.

Се вчитува...