Илиќ: Нема да барам алиби во топлото време и малиот терен

Македонија Ѓорче Петров одигра реми без голови (0-0) против ЦСКА Софија во првиот натпревар од двомечот во 2. коло од квалификациите во „најмладото“ по ранг европско клупско натпреварување, Конференциската лига.

Тренерот на гостите, Саша Илиќ по мечот изјави дека нема да бара алиби во топлото време и малиот терен.

„Никогаш не би барал алиби во топлото време и теренот каков што е. Помал од тоа што треба да биде. Моравме да играме поедноставно и побрзо кога имавме играч повеќе. Ние тоа не го направивме, но се надевам дека ќе одиграме подобро во реваншот“, изјави Илиќ. 

Се вчитува...