Халанд се посрамоти, па донесе победа за Норвешка (ВИДЕО)

Фудбалерите на Норвешка стигнаа до втората победа на Светското првенство во САД, Канада и Мексико откако во 2. коло од групата И славеа против репрезентацијата на Сенегал со 3-2.

Норвежаните поведоа со 1-0 со погодокот на Педерсен во 43. минута. Во четвртата минута од судиското продолжение во првото полувреме, Ерлинг Халанд промаши празен гол и ја погоди стативата, поради кардинална грешка на Едуар Менди.

 

Haaland hits the post against Senegal 45+4'
byu/eliseihado insoccer

Сепак, многу брзо неверојатниот Халанд се исправи за големата грешка. Уште во 48. минута зголеми на 2-0 за својата репрезентација. Сенегалците пет минути подоцна успеаја да намалат на 2-1, додека напаѓачот на Манчестер сити во 58. минута ја врати предноста од два гола за својата репрезентација (3-1). Конечните 3-2 ги постави Исмаил Сар во 92. минута.

Norway [3] – 1 Senegal – E. Haaland 58'
byu/eliseihado insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...