Има ли некој што разбира фудбал во Челси? Френк Лампард се враќа дома

Френк Лампард е пред враќање на клупата на Челси, пренесуваат англиските медиуми откако легендата на клубот се согласила да го презеде тимот до крајот на сезоната како привремен менаџер.

Ова ќе биде втор мандат за Лампард во Челси откако првиот помина неславно, а по неговото заминување тимот истата сезона под палката на Томас Тухелс стигна до втората титула во Лигата на шампионите.

Дека откако дојде Тод Боели во Челси клубот едноставно не знае во која насока оди, доаѓањето на Лампард е уште еден доказ за катастрофалната работа. Лампард поради слабите партии сезонава доби отказ и од Евертон.

Се вчитува...