Има ли смисла повеќе? И ДеМаркус Казинс потпиша за Голден стејт!

Моќниот Голден стејт вориорс и изминативе сезони беше повеќе од недостижен за сите останати НБА екипа… Но, тоа не значи дека Голден стејт застанува со моќно компонирање на тимот и за следната сезона во која богатиот ростер е посилен сега и со еден од најдобрите центри во лигата – ДеМаркус Казинс.

Казинс со Вориорс потпишал едногодишен договор вреден 5,3 милиони долари, па ќе ја комплетира „Ол-стар“ петорката на Голден стејт како дополнение на Кари, Дурант, Томпсон и Грин.

ДеМаркус Казинс се уште се опоравува од повредата на ахиловата тетива, но се очекува да биде комплетно подготвен до почетокот на сезоната. Прв добредојде на Казинс му посака и Стеф Кари…

Казинс минатата сезона на 48 натпревари просечно постигнуваше 25,2 поени, 12,9 скока и со 5,4 асистенции по натпревар.

Се вчитува...