Има надеж: Ѓоковиќ би можел да игра на УС Опен?!

Шансите Новак Ѓоковиќ да добие зелено светло за настап на УС Опен значително се зголемија во изминатите 24 часа, откако американските власти најавија промени во законите и третманот на невакцинираните лица.

Имено, Центарот за Контрола на Заразата обелодени дека е донесена одлука за промена на голем дел од мерките, воедно и дека ќе биде дадена препорака за вакцинираните и невакцинираните лица во иднина да бидат третирано исто, нешто што би му овозможило на Ѓоковиќ да патува за Њујорк и да настапи на последниот гранслем турнир за оваа година.

Како што е тоа вообичаено, за зелено светло неопходно е препораката од Центарот да биде прифатена и изгласана како закон од државните власти, а во моментов никој не знае кога тоа би се случило. УС Опен стартува за нешто повеќе од две седмици и доколку властите ги прифатат препораките од Центарот за Контрола на Заразата, тоа ќе значи и широко отворање на вратите за невакцинираните спортисти да можат да бидат дел од спортските настани на територијата на САД.

„Никој со сигурност не може да каже дали ќе бидат прифатени препораките на Центарот или кога тоа би се случило. Сепак, ако шансите на Ѓоковиќ за настап на УС Опен до денеска беа еднакви на нула, сега тие се значително поголеми“, пишуваат американските медиуми.

Се вчитува...