Има некој што го поддржува Мегвајер: „Добар е, но не му одговара играта на Јунајтед“

Хари Мегвајер, стоперот на Манчестер Јунајтед е можеби во моментов еден од најкритикуваните играчи во Светот. Многу грешки, премногу глупави потези, со што воопшто не ги оправдува парите од 80 милиони фунти вложени во неговиот откуп од Лестер.

Меѓутоа се најде и човек кој смета дека Мегвајер не е „нула од играч“, туку дека е феноменален, а само не му одговара играта на Манчестер Јунајтед. Станува збор за легендата на клубот Рио Фердинанд кој застана во одбрана на стоперот.

„Тој е феноменален во дресот на Англија. Извонреден. Што значи не е нула од играч. За Англија игра добро затоа што тие играат фудбал, што му одговара. Пике играше во Јунајтед, и сега се тврди дека немаше да има таква кариера каква што има да не заминеше во барселона. Се работи за тоа кој како играч Едноставно, на Мегвајер не му одговара играта на Манчестер Јунајтед. Станува збор за самодоверба и форма. Неговата самодоверба е на ниско ниво. Се случува тоа и кај големи играчи. Не е важно дали сте Меси, Зидан, Роналдо или Мбапе… Сите овие играчи се супер, но ако имаат ниска самодоверба, тогаш не се истите играчи“, рече Фердинанд.

Се вчитува...