Има некој кој не е импресиониран од Кралевите: Мурињо и Реал изгледаат чудно и неорганизирано

Реал Мадрид со победа од 2:1 над Интер ја започна новата сезона во Лигата на шампионите, но поранешната ѕвезда на Милан, Звонимир Бобан, не беше импресиониран од играта на Кралевите.

Бобан, кој сега е претседател на Динамо Загреб, сезонава ќе работи и како стручен аналитичар за Скај Италија, и детално го анализираше вчерашниот дерби дуел.

„Интер во настапите во ЛШ остава впечаток дека му недостасува клучен елемент за борба со најголемите екипи и тоа се потврди и во дуелот со Реал Мадрид кој изгледаше чудно и неорганизирано. Иако на Реал му недостасува баланс во играта, поседува неверојатен напаѓачки квалитет. На крајот Реал победи бидејќи создаде голем број шанси, но и Интер имаше доста шанси. Настапот на Интер може да се гледа и како доказ за карактер и сила бидејќи екипата доминираше во првото полувреме. Во вториот дел сликата се промени и Реал можеше да дојде до поубедлив триумф“, вели Бобан.

Се вчитува...