ИН МЕМОРИАМ: Ѓорѓи Огњеновски (1951-2019)

По кратко боледување, на 67-годишна возраст, почина долгогодишниот ракометен спортски работник Ѓорѓи Огњеновски.

Огњеновски беше и ќе остане легенда на РК Пролет за генерации ракометари во изминатите 35 години, колку што несебично се вложуваше за развојот на клубот и ракометната игра воопшто во Македонија.

Ќе остане запаметен и како долгогодишен активен функционер во Ракометната федерација на Македонија, постојан поддржувач и на сите национални ракометни селекции. Голем пријател и помагател и на голем број други ракометни колективи, но останува фактот дека РК Пролет од детството па до последниот свој ден не го менуваше за ништо.

Последна почит за Ѓорѓи Огњеновски ќе биде одадена утре од 11 часот во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот е од 12 часот.

Се вчитува...