ИН МЕМОРИАМ – Почина Ѓорѓија Ѓешовски

Почина еден од најпознатите атлетски работници во Македонија, професорот Ѓорѓија Ѓешовски. Погребот на починатиот Професор Ѓорѓија ГЕШОВСКИ ќе се изврши на градските гробишта во Прилеп на ден 16ти Ноември 2019 година (сабота) , погребот е во 11.00 часот.

Во периодов од изминативе 50 години обавуваше повеќе функции во атлетскиот сојуз на поранешна Југославија, исто така и во Македонија. И тоа делегат во собранието на АСЈ , член на стручниот совет за младинска атлетика ( период крајот на 60-те почеток на 70-те години). Како тренер во реперезентацијата на Југославија учествува на повеќе меѓународни натпревари. Исто така учествувал и на Олимписките игри во Минхен 1972 година.

Во последниве години  беше член на извршен одбор на АФМ, Претседател на тренерската организација кога можеби во Македонија имаше голем подем. Неговите атлетичари се носители на медаљи од натпревари од поранешна СФРЈ од Балкански игри, и сопственици на повеќе Национални рекорди. Меѓу Најдобрите може да се набројат: Сотир Гавриловски, Славица Коцеска, Соња Мицеска, Теодора Коцоска, Даниела Кулеска, Катерина Димеска, Христина Ристеска, Александра Спасеска, Ицко Јанкоски и др.

Се вчитува...