ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот спортски работник Соња Думбалоска Делова

Во 67 година од животот, денеска во Охрид почина професорката по физичка култура, истакнат спортист и спортски работник Соња Думбалоска Делова.

Проф. Соња Думбалоска Делова најголемиот дел од својот живот лично и професионално го посвети на спортот. Таа долги години беше нераскинлив дел од охридското и македонското пливање. Беше истакнат спортски работник, пливачки тренер, пливачи судија, просветен работник и едукатор.

Професорката Соња Думбалоска Делова беше дел од Охридскиот пливачки маратон од неговото возобновување на почетокот од деведесеттите години од минатиот век, за што во 2019 година и беше врачена престижната наградата „Климе Савин“. Добитник е на бројни признанија меѓу кои и наградата „Спортска легенда“ на град Охрид, што и ја врачи Општина Охрид оваа година.

Посмртните останки на проф. Соња Думбалоска Делова, ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид на 13 јули, понеделник, од 12 до 12.30 часот.

Се вчитува...