ИН МЕМОРИЈАМ: Почина Зоран Петковски

Зоран Петковски, поранешниот македонски кошаркар, а подоцна и тренер почина на 47-годишна возраст.

Петковски почетоците во кошаркарката ги направи во Битола, беше и младински репрезентативец на Македонија во генерацијата предводена од Митко Луковски, а во играчката кариера настапуваше и Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер, Радовиш….

Петковски ќе биде вечно запомнет во КК Пелистер со кој обезбеди промоција во Првата македонска кошаркарска лига, а подоцна беше и дел од управата на тимот.

Се вчитува...