Индијана без милост против Феникс, феноменалниот Дејвис го казни Њујорк

По поразот во претходното коло од Мајами, Индијана запиша убедлива гостинска победа над Феникс од 97-120.

Домашните едноставно немаа одговор на одличната игра на Индијана кои имаа и повеќе од 30 поени предност во текот на мечот. До крајот само рутински го приведоа натпреварот до крај.

Најефикасен беше Дарен Колисон со 19 поени, а 17 поени уфрли Оладипо, а Јозеф Кори постигна 16 поени. Кај Санс најефикасен беше Џош Џексон кој постигна 21 поен.

Њујорк во својот „Медисон Сквер гарден“ го пречека Њу Орлеанс, но иако по три четвртини се чинеше дека домашните лесно ќе стигнат до победа, тоа не се случи. Њу Орлеанс на крајот се врати во мечот и славеше со 118-123.

Гостите до триумфот беа предводени од одличниот Ентони Дејвис кој мечот го заврши со 48 поени, 17 скока како и четири украдени топки и три блокади. Во победата 31 поен дополни Холидеј, додека 16 поени постигна Мур. ДеМаркус Казинс запиша „дабл-дабл“ од 15 поени и 16 скока, а имаше и пет асистенции.

Кај домашните најефикасен беше Порзингис со 25 поени, додека Џерет Џек постигна 22 поени.

Во последниот меч од синоќешната програма Минесота славеше против Портланд со 120-103.

Се вчитува...