Инфантино: Паузата за хидратација не е од комерцијални причини!

Претседателот на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, почувствува потреба да проговори во врска со критиките за воведувањето пауза за хидратација во текот на двете полувремиња.

Оваа новина, која подразбира играчите да земаат пауза од три минути на секое полувреме за да се освежат, не беше одобрена од повеќето навивачи, ниту пак играчите се задоволни што мора да го прекинат натпреварот.

И додека на многумина брзо им стана јасно дека овие паузи се воведени само за да се отвори нов простор за реклами (кои се емитуваат за време на паузата), првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, тврди дека причината за воведувањето на паузите за освежување не е од комерцијална природа.

„Главната причина е жештината, но исто така мора да разбереме дека во натпреварување како Светското првенство, кое се одржува во текот на 39 дена, со екипи кои потенцијално играат осум натпревари во тие 39 дена, исклучително е важно да имаме време за одмор. Она што е уште поважно за нас е да обезбедиме сите екипи, во секој натпревар, да играат под исти услови“, изјави Инфантино.

Се вчитува...