Инфантино за идејата СП на секои 2 години: Предностите се очигледни

Се поизвесно е дека во иднина Мундијалите ќе се одржуваат на секои две години, после изјавата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Зборувајќи за оваа идеја, Инфантино кажа дека предностите се очигледни, и дека се разговара Светски првенства да организираат дури пет земји истовремено.

„Ја анализираме можноста Светското првенство да се одржува на секои две години, и оценуваме дали тоа има позитивен ефект врз фудбалот. Некои се за, некои се против.

Предностите се очигледни. Повеќе натпревари на високо ниво, повеќе шанси за забава во светот. Кога беше одлучено да се одржува на секои 4 години имаше само 40 селекции, сега низ светот има 211.

Се разговара и одржување на Светско првенство во пет земји истовремени. Ако земеме така дека еднаш годишно ќе има машко или женско Светско првенство, тогаш за 20 години фановите може да посетат 100 земји“, рече Инфантино.

Се вчитува...