Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, вети дополнителна финансиска и логистичка помош за Африка, откако 54-те земји членки од континентот денеска ја потврдија својата поддршка за неговиот реизбор на чело на ФИФА кој ќе се одржи во март идната година.
Поддршката за Инфантино од Африка доаѓа во, за него вистински момент, бидејќи УЕФА и Конкакаф бараат негова оставка по скандалот со обидот да ги продаде Светските првенства на приватни инвеститори.
Претседателот на Африканската фудбалска конфедерација (КАФ), Патрис Мотсепе, изјави дека 56-годишниот Инфантино ќе ја ужива безусловната поддршка на континентот.
„Постои едногласна одлука на 54-те земји-членки на КАФ безусловно да го поддржат Џани како претседател на ФИФА. оа е поради историјата и поддршката што Џани му ја даде на африканскиот фудбал“, рече Мотсепе.
Инфантино ги потсети африканските федерации на финансиската помош што ФИФА ја има дадено за африканскиот фудбал откако тој беше дојде на чело на Светската фудбалска федерација во 2016 година и им порача дека ќе продолжи со инвестициите и во иднина.
„Како претседател на ФИФА, горд сум што придонесов барем малку во оваа револуција во изминатите 10 години. Преку програмата ФИФА форвард, во текот на 10 години инвестиравме една милијарда долари во Африка, реализирајќи 124 различни проекти и бројни други активности. „Нашата заложба е да обезбедиме фудбалот во Африка да продолжи да напредува и да се развива. Учеството на десет земји на последното СП претставуваше успех за целиот континент. Ќе продолжиме да инвестираме со цел африканскиот фудбал да се издигне до самиот врв на светскиот фудбал“, изјави Инфантино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
