Иниеста: Убав почеток е да го победиш Јуве со 3-0

Барселона имаше одличен старт на новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го Јувентус со 3-0 на „Камп Ноу“. Тоа е своевидна одмазда кон „старата дама“, но капитенот Андрес Иниеста го гледа како убава најава за успешна сезона во елитното европско клупско натпреварување.

„Среќни сме што ја почнавме новата сезона во Лигата на шампионите со победа. И тоа не било каква победа, туку против Јувентус. Одигравме квалитетен меч, но мислам дека овој тим може уште да напредува и тоа сигурно ќе се случи во текот на сезоната“, изјави Андрес Иниеста по триумфот над италијанскиот првак.

  

Се вчитува...