Инсиње голот му го посвети на повредениот Милик, ама го утна дресот (ВИДЕО)

Лоренцо Инсиње беше стрелец на првиот гол за Наполи на вечерашниот меч против Феенорд (3-0), а прославата му ја посвети на повредениот соиграч Аркадиуш Милик. Но, се случи грешка. Инсиње сакаше да го покаже дресот на Милик, но во рацете му се најде дресот на Зиелински. Сепак, „од втора“ успеа да го погоди и дресот, па пораката беше испратена на вистинското место.

„Наполитанците“ мислат на својот повреден соиграч, кој беше опериран и му претстои подолга пауза…

Се вчитува...