Инспирација од 60-тите со модерен изглед – Челси го објави дресот за следната сезона (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Челси го објави дресот за следната сезона, за кој како што вели клубот е инспирација од 60-тите години на претходниот век, но во модерен стил. Навивачите на клубот имаат поделени мислења за тоа како ќе изгледаат нивните омилени играчи на теренот следната сезона, но многумина се сложија со тоа дека клубот можел и морал многу подобро.

Промоцијата на овој дрес за „сините“ ќе биде на финалниот натпревар во ФА Купот против Лестер, како и финалето на Лигата на Шампионите во женската конкуренција.

Се вчитува...